Полицајката од Босна и Херцеговина Џенана С. е осомничена дека на Нермин Сулејмановиќ, убиецот од Градачац, му ја издала адресата на која се криела неговата невенчана сопруга Низама со своето дете и го испратила убиецот на вратата на несреќната жена.

Во медиумите се појавија и информации дека Џенана била во емотивна врска со Нермин, односно дека му е љубовница, а за да биде ситуацијата уште полоша, таа сега се огласи со срамна објава на социјалните мрежи.

Имено, Џенана објави фотографија од убиената Низама.

– Низама Хечимовиќ. И име и презиме, крв и месо, со срце и душа – објави таа.

Оваа објава беше споделена од корисник на социјалната мрежа со навредливи коментари на сметка на Џенана.