Италијанската полиција ги истражува околностите кои довеле до страшната несреќа, во која загинаа малиот Матија (2), татко му и баба му, додека семејството беше на одмор во градот Санто Стефано ди Кадоре. Се истражува хипотезата дека жената (30), која била зад воланот на црно „ауди“ со германски регистарски таблички, користела мобилен телефон кога возилото го покосило целото семејство.
Не е исклучено страшната сообраќајна несреќа во четвртокот на 6 јули околу 15 часот и 30 минути да се случила поради момент на невнимание предизвикано од мобилен телефон, порака или кобен разговор. Жената, триесетгодишна Германка, во шок, била уапсена во текот на ноќта под обвинение за повеќекратно убиство.
Распитот во полициска станица бил извршен со помош на преведувач. Жената била подложена на токсиколошки и алкотест. На патот нема знаци на кочење, а сведоците зборуваа за црно Ауди кое се движело со голема брзина – некои велат дури и над 160 km/h.
Несреќата се случила кога малиот Матија со мајка му, таткото, братот и бабата се движел по тесниот тротоар на малото гратче каде што дошле на одмор. Матија го туркала мајка му Елена во количка, додека брат му возел велосипед кога налетало Аудито.
Матија давал знаци на живот кога спасувачите пристигнале на местото на настанот, но за жал починал набргу по пристигнувањето во болница. Во несреќата загинаа и неговиот татко Марко Антониело (48) и неговата баба Марија Грација Зуин (65).
Италијанските медиуми јавуваат дека телата се пронајдени на 30 метри од местото на несреќата. Во несреќата повредена е и мајката на момчето, Елена, но нејзината состојба не е сериозна. Таа е во болница во шок.
Дедото на момчето бил префрлен во болница во состојба на шок, откако му се слошило кога набргу по трагедијата стигнал на местото на несреќата, јавува Раи њуз.