Радмила Шекеринска деновиве ужива во кругот на семејството надвор од границите на Македонија. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од една дестинација, а она што сите го забележаа дека нејзината убава ќерка Ада пораснала во голема девојка.
Од фотографијата може да се забележи дека Ада веќе ја надраснала мајка ѝ, поточно ги наследила гените на тато Бобо.
Инаку Шекеринска и нејзиниот сопруг, бизнисменот Божидар Јанковски – Бобо, ја добија својата ќерка во 2010 година.
– Очекувано, најдобрата фотографија ни ја направи една насмеана девојка од Азија. Стереотип, ама добар, напиша Шекеринска на социјалните мрежи, каде ја објави фотографијата.