Ана Костадиновска во Валандово го имаше првиот јавен настап како придружен вокал по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загина нејзината најблиска другарка и соработничка Сара Пројковска.
Ана и Сара пред неколку години беа придружните вокали на фестивалот во Валандово. Синоќа Ана беше повторно во Валандово, настапи заедно со Каролина Гочева, а по концертот откри дека не случајно ја прифатила поканата од македонската поп-ѕвезда.
Каролина е кралица, една и единствена. и како уметник и како човек. Таа и Елена Ристеска беа покрај мене целиов овој период и го направија поподослив во секоја смисла. Каролина и јас си имаме наша интимна приказна, која, покрај професионалната, трае со години и е еднакво цврста. Каролина ми беше најголемиот столб во сите мои животни бури и премрежиња и затоа појавувањето на сцена покрај и зад неа за мене беше многу поедноставно“, вели Костадиновска за порталот „СДК.мк“.
Ќерката на легендарниот македонски музичар и автор Кире Костов по трагедијата во Кочани постојано објавува статуси на социјалните мрежи во чест на загинатите колеги од „ДНК“.
Костадиновска, фронтменот Владимир Блажев-Панчо и младиот гитарист и пејач Горан Тонев се единствените членови на бендот кои се спасија кобната ноќ.
Атмосферата во Валандово на линкот
https://www.facebook.com/share/v/15wFUmJ87c/