Фолк пејчот Наум Петрески денес ја венча својата ќерка Сања.

Неговата средна ќерка Сања Петреска му кажа „да“ на своето момче Алекс Антевски уште во мај. Убавата вест на социјалните мрежи тогаш ја сподели нејзината сестра, пејачката Анастасија Петреска која ги објави младите додека Сања го држи кутивчето со прстенот во рака.

На овој убав сончев ден во црквата Св. Илија во Скопје, пред најблиската фамилија тие го кажаа судбоносното да. И двајцата изгледаат среќно и нека им е со среќа.

За разлика од Анастасија, другите две ќерки на Наум, Македонка и Сања не многу се експонираат јавно, така што за нив многу малку се знае, бидејќи и самите не така често се активни на социјалните мрежи.