Пластичен хирург ја поканил Вероника на состанок, откако и предложил еден куп естетски зафати и ја направил „совршена жена“, решил да ја запроси.
Кога Вероника решила да се консултира со естетски хирург по породувањето, таа немала поим дека ќе добие многу повеќе од тоа што првично замислила да го корегира кај себе.
Дејвид Метлок, пластичен хирург, и предложил таа всушност да ја направи „Трансформација на чудесната жена“, што во превод би значело низа пластични операции.
Меѓу другото, на Вероника и предложил бразилско подигнување на задникот, вагинопластика и лабијапластика, липосукција на брадата, рацете и нозете, како и ботокс.
Вероника имала естетски зафати дури и пред Дејвид – три пати ги коригирала градите, но не планирала да оди толку далеку. Сепак, таа решила да се согласи.
– Прифатив сè што ми предложи, и на крајот брак. Тој ме запроси на првата средба, а јас сум вистинска подвижна реклама за неговата ординација, гордо раскажува Вероника.
Дејвид не само што експериментира врз жени, туку и врз себе – тој инјектирал импланти во бицепс, трицепс, листовите и стомачните.
На новинарско прашање дали е сигурна дека сопругот ја сака, дали тој веќе целосно ја трансформирал, таа одговара на следниов начин:
– Знам дека ме сака затоа што кога влегов во неговата канцеларија имав околу десет килограми повеќе, а тој рече дека тоа е љубов на прв поглед.