Бразилска инфлуенсерка почина во несреќен случај неколку часа откако на својот Инстаграм профил објави: „Животот е краток, ајде да лудуваме – јас, ти, Бог и патот“.

Јулија Хенеси Кахуела (22) во четвртокот беше на патување со мотор со нејзиниот сопруг Даниел, кога се случи несреќа на југот од Бразил, објави „Дејли меил“.

Даниел е сериозно повреден и моментално е на интензивна нега. Полицијата соопшти дека камион го пресекувал патот кога парот удрил во неговата лента.

На својот последен пост на Инстаграм, кој го сподели со своите 329.000 следбеници неколку часа пред несреќата, Јулија објави фотографија со Даниел пред знакот за Капао Бонито.

– Животот е краток, ајде да лудуваме – јас, ти, Бог и патот! Ттвоите соништа се и мои, беше напишано под фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Júlia Hennessy Cayuela (@juliahennessy)

По несреќата, Јулија е префрлена со хеликоптер во болницата во Коритиба во критична состојба, каде починала подоцна на одделот за интензивна нега.

Локалните медиуми наведуваат дека Даниел сè уште не знае за смртта на неговата сопруга и дека неговото семејство ја овластило болницата да го извести само дека е хоспитализиран за неопходно лекување. Во саботата, Јулија беше погребана во градот Бело Хоризонте, од каде потекнува парот.

Јулија и Даниел беа заедно седум години. Таа заврши образование за „биомедицински козметичар“ за неинвазивни третмани на кожата. Кога имала три години, Јулија го изгубила својот татко во несреќа со мотор, за што понекогаш пишувала на своите објави.

Младиот пар беше во брак четири години и споделуваше љубов кон моторите. Тие објавија фотографии и планови од нивните патувања во Бразил, вклучително и на денот на несреќата. Тие планираа да патуваат во Сао Паоло, Парана и Санта Катарина.

View this post on Instagram

A post shared by Júlia Hennessy Cayuela (@juliahennessy)

Во тек е истрага за несреќата.

View this post on Instagram

A post shared by Júlia Hennessy Cayuela (@juliahennessy)

View this post on Instagram

A post shared by Júlia Hennessy Cayuela (@juliahennessy)