Се ожени најмладиот син на бизнисменот Трифун Костовски, Филип Костовски со својата догогодишна девојка Софија Кузмановска
Свадбата беше во еден елитен скопски ресторан, а претходно двојката се венчаше во црквата Пресвета Богородица, објави порталот Човекот пред сè.
– Единствениот драгоцен капитал и вистинска повратна инвестиција се децата и затоа, што ќе вложиш во нив – тоа ќе ти се врати! Кога децата ќе станат полнолетни и ќе тргнат самостојно низ животот да ја градат својата визија, тогаш може да се свртиме зад себе и во нив да го видиме својот родителски влог. Три деца се божји благослов, свето тројство и хармонија за секое семејство. Среќен сум што во храмот кој го возобновив и го подарив на граѓаните во Скопје и Македонија, ја доживеав првата венчавка на член од моето семејство. Храмот Пресвета Богородица е мојот дом, дом на моето семејство и на моите сограѓани, изјави бизнисменот Трифун Костовски.
За свадбената забава пееле Тамара Тодевска, Наум Петрески, Зуица Лазова и Наде Талевска.