Милица Костадиновиќ, 17-годишна учесничка во музичката талент шоу програма „Ѕвезде Гранда“ запрепасти многумина со своите предизвикувачки стајлинзи, а сега, откако беше елиминирана од трката за главната награда, имаше што да му порача на Саша Поповиќ, креативниот уредник на овој проект.

– Ох, не се работи за тоа што очекував, веднаш да кажам. Тоа што сум најмлада ме повреди и знам дека можам да направам најмногу од сите овде. Свесна сум за тоа. Некако, сметам дека во нас најмладите треба да вложат најмногу време и простор. Генерално, секогаш се трудам кога е оваа сцена во прашање – низ солзи изјавила Милица за „Гранд“.

– Ова многу ми значи, не е како некоја минлива фаза или станица. Си реков нека биде како што треба. Ако Саша Поповиќ ме врати на натпреварот, ќе дојдам гола. Ете така, просто и едноставно. Ќе докажам дека не е се во пеењето – додала Костадиновиќ.

Пред да биде елиминирана, Марија Шерифовиќ меѓу другото и порача на пејачката: „За Милица можам да кажам дека не знаеш да пееш, а можам да кажам и дека луѓето со твое знаење, за твоја жал или за среќа, во овој момент работат на оваа планета и на Балканот, и се нарекуваат наши колеги и се многу успешни“.

– Гледам дека се трудиш и дека ти е грижа, но би било убаво да запееш, наместо да доаѓаш од круг во круг и повеќе да не знаеме што да ти кажеме – додала Марија.

Потсетуваме, младата Милица како учесничка на „Ѕвезде Гранда“ предизвика бурни реакции кога на сцената се појави во моден избор кој многумина го наркоа танга боди“.