Една од најгледаните емисии на нашите простори „Ѕвездите на Гранд“ повеќе нема да изгледа исто.

Гласините за промените започнаа веднаш штом стигна веста дека водителката Сања Кужет е бремена. На шпекулациите за тоа кој би можел да ја замени додека е на породилно, стави крај Саша Поповиќ, потврдувајќи дека изборот паднал на Ана Севиќ.

После тоа дознавме дека Цеца Ражнатовиќ на одредено време се повлекува од жирито на музичкото натпреварување. Додека фолк ѕвездата не се опорави од настинка, Ивана Петерс ќе седи на нејзиното столче.

Најголема мистерија засега е отсуството на Ана Бекута. Челниците на Гранд продукција накратко изјавија дека пејачката нема да присуствува на следните снимања од „оправдани причини“.

Бидејќи немаше подетално објаснување, на гледачите им преостануваше да погодат дали се работи за подолго патување, семејна ситуација или можеби одење на естетска интервенција.

Извори блиски до фолк ѕвездата не сакаат да откријат за што се работи, само наведуваат дека причините за отсуството на Ана се од крајно приватен карактер и не се за јавноста.

Како и да е, најдена е замена. Наместо Ана Бекута, натпреварувачите во наредните недели ќе ги оценува Драган Којиќ – Кеба.

-Мојата драга колешка и пријателка Ана Бекута нема да биде тука некое време. Ние двајца сме компатибилни во многу музички работи, па стигна предлогот да ја заменам. Ќе бидам таму некое време и толку – изјави Кеба.