Евгениј Пригожин последен пат беше виден во јавноста на денот на бунтот во Ростов на Дон. Оттогаш не се знае каде се наоѓа. По завршувањето на еднодневниот бунт, Александар Лукашенко објави дека е договорено Пригожин да замине во Белорусија.
Сепак, не се знае каде отишол Пригожин и каде се наоѓа сега. Пред неколку дена Кремљ потврди дека неколку дена по бунтот во Кремљ се сретнале Путин и Пригожин, кој со себе ги зел и вагнеровците.
Сега се појави фотографија која ја објавија руските медиуми. Го прикажува Пригожин како седи во кревет во шатор. Се гледа и дека под него има земјен под.
„Руските медиуми објавувија наводно неодамнешна фотографија на Пригожин во полски шатор (наводно) во Белорусија“, пишува Антон Герашченко, советник на украинскиот МУП.
Автентичноста на сликата не е потврдена.