Најголемото бебе родено некогаш во Чиле – барем евидентирано – е родено во четвртокот.

Неговата тежина е 7.105 кг, а должината е 57 см . Сепак, неговото раѓање донесе измешани чувства. Покрај радоста, има и вознемиреност, бидејќи и доенчето и неговата мајка се хоспитализирани.

„Исклучително ретко се случува вакво породување, а новороденчето тежи повеќе од седум килограми. Всушност, тоа никогаш не се случило во Чиле. Најтешкото новороденче било кога било забележано тежело 6,7 килограми“, изјави акушерката Марсија Венегас.

– Овие новороденчиња може да имаат зголемен ризик од хипогликемија, што е низок шеќер во крвта, жолтица, што е зголемен билирубин во нивната крв и полицитемија (зголемен број на црвени крвни зрнца), објасни таа.

Бебето, како што пренесува Ројтерс, е родено во болница во Куранилаху, но поради здравствени компликации морало да биде префрлено во болница во Консепсион, град во централно Чиле, околу 500 километри јужно од Сантијаго.

Мајката се уште се лекува во болницата Куранилаху и чека отпуштање.