Семејството го погребало Саша Станков во Сремски Карловци во петокот на 16-ти јули. Два дена подоцна, се испоставило дека Саша е жив, и дека нивен сограѓанин е во семејната гробница, пишуваат српските медиуми.
Некој од нас понекогаш можеби понекогаш се запрашал како би изгледал неговиот погреб, за чудесно да види кој ќе го жали, што би рекле за него, а потоа едноставно да продолжи со животот. Се разбира, такво нешто е невозможно… скоро невозможно.
Педесет и шестгодишниот Саша Станков од Сремски Карловци бил жив, а мртов.
– Имаше гроб на гробиштата, покрај него крст со неговото име и презиме, година на неговото раѓање и – логично – година на неговата смрт. Работите ќе продолжеа по својот тек, ако некој друг, жител на Сремски Карловци, кој исто така се викал Саша, и кој иличел на живиот „покојник“, не бил погребан во гробот на Саша Станков. За да бидат работите „поинтересни“, локалното население на Сремски Карловци го познава Станков како Исус, поради неговата долга брада.
ЈКП „Белило“, кое е одговорно за одржување на гробиштата и обезбедување погребални услуги, не дало одговор на овој текст во врска со недоразбирањето за кое зборува Сремски Карловци.
-Кога телефонски ја контактиравме компанијата, беше речено дека три лица имаат пристап до е-поштата и дека никој од нив во моментот не бил таму. Сепак, целата приказна беше потврдена во семејството на човек кој дури и не починал, а бил погребан, пишуваат српските медиуми.
Како што рекоа во семејството Станков, во четвртокот на 15 јули, локалното население ги известило дека починал член на нивното семејство. Тие се обиделе да добијат официјална потврда од полицијата. Сепак, никој од надлежните не ги известил, но од полицијата добиле усна потврда дека станува збор за член на нивното семејство.
Телото на починатиот е пронајдено во куќа, пренесенон е во ЈКП „Лисје“, а наредниот ден е пренесено на гробиштата во Сремски Карловци. Во капелата имало лимен ковчег и семејството вели дека не можеле да го утврдат идентитетот на починатиот, како што не можеле да го сторат тоа и претходниот ден, бидејќи никој не ги повикал за да утврдат кој починал. Починатиот беше погребан во петокот како Саша Станков, на гробот на семејството, кое плати за погребот.
Нов живот
Сепак, во саботата, пријател на „починатиот“, на семејството Станков им рекол дека Саша е виден во центарот на Нови Сад, и дека е жив. Според неофицијални информации, тогаш семејството и полицијата тргнале во потрага и го пронашле Саша Станков.
Живееше во Нови Сад повеќе од една година, семејството не беше во близок контакт со него, а тој немаше ниту телефон за повик. Кога бил пронајден, тој бил однесен во Полицискиот оддел во Нови Сад, каде му биле земени отпечатоци од прсти и каде бил фотографиран. После тоа, тој се врати во Нови Сад и продолжи со својот живот.
Ковчегот ископан среде ноќ
Ноќта помеѓу саботата и неделата, велат локалните жители, е направена ексхумација на гробиштата, а земен е крстот на кој пишувало име на жив човек.
Не е познато кој ја извршил споменатата ексхумација, и дали имало налог на обвинителството за истото, но, неофицијално, во еден момент, полицијата била на местото на гробот за време на ископувањето.
Исто така, семејството сè уште не добило никаква официјална потврда за тоа што се случило или како настанала конфузијата. Според локалното население на Сремски Карловци, Станков е познат во нивното место под прекарот Исус. По настаните од минатата недела, велат тие, тој прекар само го потврдил тоа.
– Воскресна исто како Исус – прокоментира човек од Карловац.
Локалните жители наведуваат дека починатиот и Станков наликувале многу, така што ова веројатно најмноги придонело за конфузијата при идентификацијата на починатиот.