Сообраќајна несреќа се случила во раните утрински часови во Нео Ираклион кога патнички автомобил слетал во подземната станица ИСАП, при што возачот бил со смртни повреди.

Несреќата се случила нешто по 5 часот наутро кога црниот кабриолет, кој се движел со огромна брзина по авенијата Марину Антипа, излетал од својот курс, удрил во работ на тротоарот и како резултат на тоа „полетал“ и паднал во празнината од височина од 10 метри, внатре во подрумската станица.

На терен излегле две возила на противпожарната служба со 6 пожарникари кои го извадиле онесвестениот возач од автомобилот. Несреќниот млад човек со возило на Итна помош бил пренесен во болница, но веќе било доцна бидејќи веднаш починал.

На местото на настанот е извршена голема сообраќајна операција со кран со цел да се извади возилото од подземниот дел на станицата. Според информациите, возачот конзумирал поголема количина на алкохол додека возел со огромна брзина.