Хитот на Драган Бјелогрлиќ и официјално стана најгледан филм во поновата српска кинематографија, а за два и пол месеци филмот го погледнале 1.054.000 луѓе.

Примерок од ова дело е предаден на трајно чување на Југословенската кинотека. Авторите добиле признание од директорот на оваа институција Југослав Пантелиќ за нивниот придонес во српската кинематографија.

Филмот многу брзо стана хит и во регионот. Да потсетиме, ова е биографски филм за Тома Здравковиќ. Бјелогрлиќ ги покажа почетоците на кариерата на легендарниот пејач, како и врвот на славата, но и дното кое го достигна во тој период во приватниот живот. Тома Здравковиќ го отелотвори младиот српски актер Милан Мариќ.

Драган Бјелогрлиќ со сопругата Маја

По повод големиот успех на филмот, вечерва во Белград се одржа гала прослава. Бјелогрлиќ дојде рака под рака со сопругата Маја која беше во црна облека, додека тој се одлучи за класично црно сако и бела кошула.

Бјелогрлиќ со ќерката Миа

На прославата беше и нивната наследничка Миа, облечена во краток фустан со светки, која ги собра погледите на присутните.

Миа Бјелогрлиќ и Тамара Драгичевиќ

На прославата се појавија и Тамара Драгичевиќ, Милан Мариќ, Жељко Јоксимовиќ и други кои учествуваа во реализацијата на споменатото достигнување.