И Манчестер Јунајтед вчера ги разочара своите навивачи со поразот на гостувањето кај Евертон.
Евертон успеа да слави на Гудисон со минимални 1:0 против Манчестер Јунајтед и да освои важни три бода во грчевитата борба за опстанок.
Јунајтед вчера ги разочара навивачите со својата игра и уште еднаш се покажа дека се потребни огромни промени на Олд Трафорд.
Вчера и Кристијано Роналдо ги одигра сите 90 минути, но Португалецот не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз од Евертон.
Навивачите на Јунајтед на крајот беа загрижени бидејќи Роналдо куцаше кон тунелот на Гудисон и виде дека се работи за повреда, а потоа искусниот напаѓач го соблече коскобранот и покажа за што се работи.
Имено, Роналдо на еден дуел доби силен удар во левата нога, но многумина сметаа дека не се работи за некоја сериозна ситуација.
Меѓутоа, кога Роналдо го тргна коскобранот на крајот од натпреварот, беше јасно дека доби навистина жесток удар поради кој почна да крвари. За каков удар станува збор покажува и фактот што скелетот навистина не му помогнал.