Андријана Петрушовска од Скопје уште еднаш го воодушеви жирито во „Ѕвездите на Гранд“ и со шест гласа директно помина во шестиот круг.
Андријана, чиј ментор е Ѓорѓе Давид, ги испеа „Коначна одлука“ од Милица Тодоровиќ и „Тажна љубов среќна песна“ од Тамара Тодевска. Жирито не го коментираше нејзиниот настап, само ѝ посакаа и понатаму да пее како до сега.