Најпознатиот јутубер во Македонија, Стефaн Лазаров, неодамна ги извести своите фанови дека купува нов автомобил. Тој објави и видео од својот нов луксузен автомобил кој во салон чини околу 100.000 евра. Од видеото на Јутјуб како и од неговиот профил на Инстаграм можеме да видиме дека станува збор за Мерцедес.
Познато е дека Лазаров е голем фан на убави коли, па сега реши да го замени стариот автомобил и да се почести со Mерцедес. Тој заедно со сопругата Марта беа во салонот да го земат автомобилот и целиот настан го снимаа и видеото веднаш го објавија на Јутјуб.
„Мене ми е сон за кола“, вели познатиот јутубер кога прв пат влезе во луксузниот автомобил во салонот. Стефан претходно возеше Ауди, а откако го купи новиот „ѕвер“ на четири тркала и се пофали со него на социјалните мрежи, неговиот пријател и колега Мандар, му честиташе со следниве зборови:
„Кога почнав да го дружам мисиров, бевме пропаднати со 100 денари у џеб. Разликата меѓу нас беше што мене ништо повеќе не ми се работеше после доживеаното разочарување и срушениот сон со војската. Ова кучево клекнато што го гледате, успеа да ме натера да почнам да правам нешто во животот и ете дојдов до негде. Затоа сметам дека Господ ми го стаи на пат човеков, за да станам човек“.
„Е сега кога направив нешто од себе, останува пак да се огледам на Стефан и да се мотивирам за уште поголем успех, затоа што Стефан ви е класичен пример на „Zero to Hero“. А најмерак од сé ми е, сега кога му го гледате успехот, тие што к*њате и ви кисне у ш*пчето. Фатете нешто работете, не тука со тоа јутјубот да се клошарите“, пишува Мандар во својата објава и додаде: „Со здравје да си го возиш Мерцедесот Брат и продолжи да бодеш очи“, му порача Мандар на Лазаров на Инстаграм.