Со цел да се долови атмосферата, столчињата во Слупчане, каде што традиционално ДУИ го одбележува споменот на загинатите на ОНА на 2 мај, беа испрскани со црвена боја и на нив беа оставени каранфили.
Денеска во присуство на партискиот врв на ДУИ беше отворен 20-метарски споменик посветен на загинатите членови на ОНА.
Овој настан ДУИ го одбележува секоја година во липковското село.
„Кон легендарното Липково“, напиша министерот Бектеши од ДУИ на Фејсбук објавувајќи фотографија со Ахмети. Двајцата се меѓу функционерите од ДУИ кои присуствуваат на денешниот настан.
Во селото Слупчане попладнево започна церемонијата за откривање на 20-метарскиот споменик во чест на паднатите борци на ОНА.
На настанот присуствуваат функционери од ДУИ, а во пресрет на церемонијата министерот за економија, Крешник Бектеши, објави и фотографија на личниот профил на Фејсбук, на која се гледа како со автомобил патува кон Слупчане, Општина Липково. Во негово друштво е и партискиот лидер Али Ахмети.
„Кон легендарното Липково“, напиша Бектеши на Фејсбук.