Сообраќајна несреќа на планинскиот превој Пресека направи километарска колона на патот Охрид – Кичево.

Илјадници граѓани кои се враќаат кон главниот град и попатните места се заглавени останаа заглавени поради блокадата од сообраќајката.

Колоната е неколку километри и се движи многу бавно.

Според првичните информации, во судирот учествувале две возила. Засега нема информации од МВР за евентуални повредени во сообраќајната несреќа.