Најмалку 17 лица загинаа во железничка несреќа во Иран, соопшти денеска државната телевизија Ириб.

ДПА го пренесува портпаролот на националниот желенички оператотор кој соопшти дека 50-тина други патници се повредени во несреќата што се случи во близина на градот Табас.

Тој кажа дека возот сообраќал меѓу градот за аџилак Машхад и пустинскиот град Јасд и дека се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем.

Засега остануваат нејасни причините за излетувањето на возот од шините.

📸

📸