Во населбата Раковица, во општина Илиџа кај Сараево, денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа две моторни возила и една работна машина. Четири лица се тешко повредени и итно пренесени на Клиниката за итна медицинска помош (КУМ) во Сараево.
Несреќата се случила во 13 часот и 45 минути, на улицата Раковачка цеста, на магистралниот пат Сараево – Кисељак. За порталот Klix.ba од Оперативниот центар на МУП на кантонот Сараево потврдија дека четири лица итно се префрлени во КУМ.
Припадници на сараевската полиција излегоа на местото на несреќата и извршија увид.
Од БИХАМК соопштија дека сообраќајот на овој патен правец е затворен, поради што се создале големи редици.