Познатата пејачка Тамара Тодевска пред неколку дена на социјалните мрежи се пофали дека се подновила со нов автмомобил, за кого платила околу 16.000 евра.
Меѓутоа нејзината радост кратко траела… По само два дена откако сподели дека има „нова другарка“, Тамара на својот профил на Инстаграм објави дека автомобилот и бил удрен на паркинг.
– Се моли девојчето што вчера ме удри на „Рузвелтова“ (МОЈАТА КОЛА СТАРА цели 2 дена) уредно се извини, избега, да се јави/пише/остави број, ЗОШТО ГИ ЗНАМ ТАБЛИЦИТЕ и ќе одам утре во полиција – напиша Тодевска во објавата.