Српска државјанка загина, а две лица се повредени откако автомобил со новопазарски регистарски таблички излетал кај Меѓуријечје на патот Подгорица-Колашин, јавуваат подгоричките медиуми.

Тричлено семејство од Нови Пазар било во автомобил „опел“, кој утрово слета во кањонот Морача.

Жената С.З. (34) загина, додека таткото и 14-годишното момче се повредени.

Жељко Дармановиќ од Службата за заштита и спасување од Колашин за радио Антена М изјави дека за несреќата биле известени со повик во 9.13 часот.

Тој мисли дека автомобилот слетал во кањонот и дека никој не го видел како излетал од патот.

Повредениот татко успеал да се искачи по лизгавиот терен на околу 150 метри до автопатот, каде го запрел сообраќајот.

Момчето кое има повреди на колкот и карлицата било извлечено околу 11 часот, додека телото на загинатата жена е извлечено час и половина подоцна.

Дармановиќ изјавил дека во акцијата за спасување учествувале голем број пожарникари и дека помогнала и полицијата.