Велосипедист е повреден откако во него удрило возило.

Несреќата се случила на улица Востаничка во скопско Црниче околу 18:40 часот.

По падот, повредениот останал да лежи на влажниот коловоз десетина минути, а за цело време насобраните граѓани му помагале и успеале да го освестат.

Откако пристигнало возило на Итната помош, пружена му е лекарска помош и повредениот е префрлен во болница.

За време на несреќата врнело дожд, а полицијата преку увид ќе утврдува кои се причините за несреќата.

Надлежните препорачуваат возачите на дождливото време и на влажните коловози да бидат внимателни во сообраќајот.