Според објавените фотографии, се чини дека тој малку посилно згазнал На педалата за гас.

Од горештините сите посакуваат да се разладат во базен, но овој тинејџер од Колорадо реши да го „разлади“ и својот автомобил.

Тинејџерот завршил со сообраќајна казна за несовесно возење, а инцидентот се случил така што наместо на сопирачката стиснал на педалата за гас.

Според објавените фотографии, се чини дека тој малку посилно згазнал педалата за гас, бидејќи може да се види дека металната ограда низ која минал е скоро израмнета на земја.

За среќа, никој не е повреден во овој инцидент, но видеото покажува дека пожарникарите имале полни раце работа при вадење на автомобилот од базенот.

– Беше многу полесно и побрзо да се влезе отколку да се излезе, на шега напишаа пожарникарите со видео запис од извлекувањето на автомобилот, што не можеше да се направи без помош на нуркачи.