Три лица загинаа во страотна сообраќајна несреќа што се случи синоќа на главниот пат М-17, во близина на местото Јелина кај Зеница, објавуваат утрово босанските медиуми.
Како што потврди полицијата, во несреќата загинала А.Т. (19), А.Г. (19) и Н.К. (22), додека Н.М. (17) е тешко повреден.
Лекарите од Зеница се борат за животот на Н.М., кој беше итно опериран во Кантоналната болница во Зеница, пренесува Српскаинфо.
– Во несреќата учествувале камион и патнички автомобил. Несреќата се случила во 22 часот и 10 минути. Три лица од патничкото моторно возило загинаа, а едно е испратено во Кантоналната болница во Зеница, соопштено е од надлежниот Оперативен полициски центар.
Жртвите биле во автомобилот. Според непотврдени информации, несреќата се случила во моментот кога возачот на автомобилот започнал да претекнува и преминал на спротивната лента, од каде од спротивната насока идел камион и дошло до директен судир.
Освен полициски службеници и екипа на брза помош, на самото место излегле и пожарникари од Зеница кои помогнале во извлекувањето на телото од уништеното возилото.