Едно лице загина, а најмалку 7 се повредени во верижниот судир што се случи вечерва во Ботуњa кај Крагуевац во централна Србија, потврдија од Полициската управа за Радио телевизија Крагуевац.

Нешто пред 19 часот на државниот пат Крагуевац-Баточина се случила тешка сообраќајна незгода, по што на местото на настанот излегле поголем број припадници на полициската управа Крагуевац, Бригадата за противпожарна и спасувачка служба и Институтот за итна медицина.

Судир меѓу автобус и четири автомобили – Утврдено е дека дошло до верижен судир меѓу автобус и четири патнички возила, во кој се повредени неколку лица. Сите повредени се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.

Од автобусот се евакуирани 20 патници – Според Зоран Кочовиќ, началник на Управата за вонредни ситуации во Крагуевац, припадниците на Бригадата за противпожарна заштита со исклучително брза интервенција извлекле и спасиле шест заробени лица, додека повеќе од 20 патници биле евакуирани од автобусот.

Интервенцијата се уште е во тек. По завршување на интервенцијата ќе биде извршен увид.

Сообраќајот е во прекин – Сообраќајот на оваа делница е во прекин, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите беше спречена трагедија од поголеми размери, пишуваат српските медиуми.