Лигија Фазио била хоспитализирана на почетокот на мај откако во задникот и вбризгале силикон и полиметил метакрил.
Инфлуенсерката била на на одделението за интезивна нега четири недели, а потоа нејзината состојба се влошила и се верува дека дожвиеала мозочен удар, а тоа било последица од сите овие компликации“ – пишува „Дејли Мејл“.
Фазио имала скоро милион следбеници на Инстаграм, а оваа мрежа едно време ја користела да ги предупреди жените од опасности поради операциите кои би го промениле нивниот изглед.
Џорџ Оливеира, братот на починатата инфлуенсерка се огласил по смртта на неговата сестра на социјалните мрежи.
„Момци, за жал нашиот борец почина. Ви благодарам уште еднаш на сите за поддршката“ – напишал Оливеира.