Хармоникашот Александар Софранијевиќ и водителката на „Гранд“, Сања Чулибрк потврдија дека се во врска.

Новопечената двојка заедно отпатува во Цирих, а Сања на својот Инстаграм ја објави и нивната прва заедничка фотографија и со тоа потврди дека се заедно.

„Патиштата на Господ се чудни, но се совршени“, напиша водителката под објавата.

Домашните медиуми порано пишуваа дека Сања била во врска со колега на Аца.

View this post on Instagram

A post shared by Sanja Culibrk (@culibrkova_)

Од друга страна, Софранијевиќ неодамна призна дека ужива со новата девојка, но не сакаше да го открие нејзиниот идентитет.