БЕЛГРАД – Припадници на Управата на сообраќајната полиција на излез за Водањ сопреле четириесет и петгодишен возач, кој управувал возило „опел корса“ на коловозот наменет за сообраќај од спротивна насока на автопатот Белград-Ниш.

Контролата утврдила дека на задното седиште од возилото имало осумгодишно дете, кое било врзано со појас, соопшти српското МВР за Танјуг.

Кога полицајците го прашале каде тргнал и дали бил свесен дека оди во спротивна насока, тој дал шокантен одговор: „Па само таму до првото исклучување“.

Против прекршителот е поднесена прекршочна пријава, а возилото е привремено одземено за соодветни проверки.