Утринава во 3:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“, сопственост на С.Ф.(61) од Скопје.

Од пожарот делумно биле опожарени возила „форд фиеста“,„шкода октавија“ и „сеат кордоба“.

Увид бил извршен, информираат од МВР.