Погребот на Матеј Периш започна на гробиштата Ловринац во неговиот роден град Сплит.
Семејството дојде да го испрати на вечното почивалиште младиот сплитќанец Матеј Периш. Тие се собраа да го погребаат телото на Матеј, по кој се трагаше речиси пет месеци.
На гробиштата пристигнал таткото на Матеј, Ненад Периш, мајка му и сестрите. По барање на семејството, на погребот не дошле голем број луѓе, бидејќи сакале да го испратат во најтесниот круг на пријатели и семејството.
Матеј Периш ќе биде погребан на истото место каде што беше погребан неговиот најдобар пријател Ивор Алуниќ, кој трагично го загуби животот на мотор.
Во моментов, ковчегот со неговото тело е изложен во капелата каде се поставени свеќи и цвеќиња.
Се надевам го најде својот мир
Во пресрет на погребот, сестрата на Матеј на социјалните мрежи објави шокантно видео и порака со која се збогува со својот брат.
На снимката се фотографиите на Матеј, а во позадина се слуша песната „Недостајеш“ на Дино Мерлин.
– Недостигаш брате мој, се надевам дека конечно го пронајде својот мир, ти благодарам што постоеше. Сава и Дунав те зедоа, Хрватска те чека и ги рашири своите крилја… Почивај во мир, сестра ти те сака најмногу на светот – стои во објавата на неговата сестра.