Фотографија од сопругата на покојниот Ѓорѓе Балашевиќ се појавија и во медиумите, и тоа беше доволно одредени српски портали и воопшто на социјалните мрежи да се појават коментари против вдовицата Оливер.

„Како не и е срам“, „Па зарем Џоле заслужи вака да го жали“, се само дел од коментарите. На оние што стојат позади ваквите коментари, очигледно ќе им беше „полесно“ Оливера Балашевиќ да ја видат завиткана во црнина, солзи, запуштена, да видат дека ја боли, да пати по Ѓорѓе…

-Бидејќи ако не е во црно не жали? АКо тагата не се гледа, тогаш секако не е тага, зарем не? Судејќи по коментарите, се чини дека е така, пишуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Balasevic (@lolabalasevic)

-Но, не е! И никогаш ен треба да биде. Мораме да престанеме да ги „мериме“ човечките животи, одлуки, среќата и тагата, само на основа на она што го гледаме. Ако некој тагува во црните години, а некој не, не значи дека неговата тага е поголема од вашата. Тоа само значи дека има свој начин да се носи со тешката ситуација и да живее со неа, додаваат српските медиуми.

Тоа што некој се смее, а вие плачете, не знае дека вие патите повеќе. Тоа само значи дека сите имаме свои начини да полесно живееме со несреќата која ни се случила.

И никако не треба да ја мериме, споредуваме и анализираме… Бидејќи тагата нема само едно лице, ги има безброј, само што не се гледаат!