Денеска наутро автомобил се запали во близина на бензинска пумпа во хрватската населба Врпоље. Жената која била на возачкото место била сама во автомобилот и била полесно повредена. Пожарникарите го гаснеле автомобилот три и пол часа, јавуваат хрватските медиуми.
Пожарникарите од 9:30 до 13:00 часот гаснеле пожар во автомобил во Врпоље, кој целосно изгорел во близина на бензинската пумпа.
– Пожарот е предизвикан поради палење на цигара и честички од гас кои истекле во внатрешноста на автомобилот поради дефект на плинските инсталации, известија по увидот од полициската управа Брод-Посавина.
Со полесни повреди се здобила 49-годишната возачка кој била сама во автомобилот. Жената била пренесена во болница.
Полицијата за настанот поднела извештај до општинското државно правобранителство.
📸
📸
📸
📸