Вистинската драма се одвива во Макарска од 2 часот ноќеска. На 9-ти кат од зграда на улицата Владимир Назор, 45-годишен маж од Макарска седи на работ од балконот и се заканува дека ќе се самоубие со скокање, јавува Слободна Далмација.

Зградата е во „заложничка криза“ веќе 2 часа, соседната улица е затворена за сообраќај, на 9-ти кат полицајци, специјална полиција, пожарникари и итната помош. Најпрвин пожарникарите се обиделе со скала да стигнат до човекот, но тој се заканил дека ќе скокне од 9-ти кат, па се откажале од акцијата.

Со човекот во станот биле две ќерки, кои биле пренесени на сигурно, а тој ја пуштил сопругата околу 6 часот, по што била однесена со возило на брза помош, јавува Слободна Далмација.

Драматичната ситуација се уште трае, во станот има преговарач, а се чека и дополнителен специјален полициски тим, како и официјалното соопштение на ПУ на Сплит-Далмација.