Жена (57) од околината на Чачак вчера починала од каснување од стршлен. Таа почнала да се гуши во моментот кога убодел инсектот, а според нејзините блиски починала на пат кон болницата во Чачак. Селото во кое живеела несреќната жена со сопругот и синот е на помалку од 20 километри од Чачак.

– Сè се случило синоќа помеѓу 19 и 19 часот и 30 минути. Жената забележала стршлен како лета околу нејзината глава и се обидела да го исфрли мавтајќи со крпа. Во овие движења таа го соборила на под и наместо да го згази со нога, таа го здробила со истата крпа. Го стиснала стршленот со прстите, па ја каснал – вели роднина на несреќната жена и додава дека веднаш повикале брза помош.

Како што раскажала роднината, жената веднаш почнала да се гуши, а јазикот и бил отечен. Кога пристигнала брзата помош, жената давала знаци на живот. Таа додава дека мисли дека жената не ни знаела дека е алергична. Од Општата болница во Чачак е констатирана смрт на педесет и седумгодишна жена, која починала како последица од каснување од стршлен.

Лицата кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид мора секогаш да имаат со себе препишан лек, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите.