Стотина луѓе се собраа денеска во Горњи Лучани кај Какањ за да ја испратат малата Џена Гаџун на вечен одмор, објавува „Дневник Аваз“.

Девојчето почина во неделата на 14-ти ноември по компликации при операција на очните капаци во приватна поликлиника.

Погребот го предводеше зеничкиот муфтија Мевлудин ефенди Диздаревиќ, а присутни беа и таткото на Џена, Мурис, нејзините браќа Емин и Саудиан, семејството, пријатели и бројни граѓани.

Во Какањ денеска е Ден на жалост.

Родителите велат дека детето по операцијата е превезено во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде ја добила целата медицинска помош, но нејзините мозочни нерви „прегореле“ и дека живеела на апарати кои ја одржувале во живот.

На девојчето му беше вградена пластика во окото, која телото не ја прими, а по зафатот со цел отстранување на пластиката кој го извела д-р Нина Јовановиќ, која немала лиценца од Лекарската комора, Џена не се разбуди од кома, па во тешка состојба беше префрлена на КЦУС.

Анестезиологот Суад Рожајац, кого родителите по операцијата го прашале што се случува, им рекол дека не знае што се случува.

„Го прашавме што се случува, што ѝ дал, а тој рече дека не знае што се случува, дека срцето ѝ застанало, дека два пати ја враќале во живот“, кажа мајката во привот разговор.

И апаратите во клиниката каде девојчето беше оперирано не биле законски верифицирани.

Овој случај веројатно ќе има судска разврска, со оглед на тоа што родителите ангажирале адвокат преку кој се обидуваат да утврдат кој е виновен за тоа што му се случи на двегодишното девојче.

😢