Бившиот играч во НФЛ, Зек Стејси брутално ја претепа неговата сопруга пред петмесечното бебе, а снимките се најдоа на социјалните мрежи.
На Твитер беше објавена снимка од безбедносните камери од неговиот дом на кој се гледа како дивјачки ја треска неговата сопруга, додека тоа го гледа детето.
Инцидентот се случил минатата сабота околу 14 часот на Флорида во домот на сопругата на Стејси.
„Го молев да прекине поради бебето кое се наоѓаше на неколку чекори од местото на кое ме удри“, вели повредената сопруга.
Стејси прво ѝ удри шлаканица, а потоа падна на креветот, по што ја крена и ја фрли во телевизорот.
This happened to my best friend Kristin in front of their child. Now that a federal warrant has been issued, she feels safe sharing this. #ZacStacy is on the run from Florida in Nashville, TN. Please expose this monster and help catch him pt 3 pic.twitter.com/ZWCYsrB1m1
— Online Desserts Classes (@bougieeats) November 18, 2021