











Дваесет и деветгодишниот Сенад Калач загина во сообраќајна несреќа во тунелот Локве на автопатот Беране-Рожаје, Во Црна Гора.
Како што јавуваат црногорските медиуми, несреќата се случила вчера попладнето околу 18:25 часот.






Како што информираат од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа (ОКК), во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле уште две лица.

– Сенад К. давал знаци на живот по сообраќајната незгода и бил пренесен во Општата болница во Беране. Но, и покрај напорите на лекарите, од здобиените повреди во сообраќајната несреќа во 20 часот и 5 минути починал, објавија медиумите.






Истрагата е во тек. Во меѓувреме, медиумите објавија фотографии од трагичната несреќа.