Автобусот на релација 511 целосно изгоре во улицата Стеван Филиповиќ во белградската населба Железник, како и четири други автомобили. Во пожарот за среќа нема повредени. Изгореле два автомобили, а два се оштетени.
– Децата во автобусот забележале дека мириса на гориво или бензин. Му пришле на возачот да го предупредат, но тој не реагирал. Кога автобусот почна да чади, сите излегоа. За среќа, сите се добро – изјавила за Телеграф жена која била на местото на настанот.
– Не разбуди чад. Прво помисливме дека нешто гори во куќата, а потоа видовме како гори автобусот на сред улица. Му се помоливме на Бога да нема повредени или починати – вели жена која живее недалеку од местото каде што се запали автобусот.
Kако што можете да видите на фотографииte од терен, од автобусот останале само остатоци, седиштата изгореле, стаклото се стопило.
Се предупредуваат сите возачи кои минуваат низ оваа улица да бидат внимателни бидејќи улицата е лизгава поради големата количина на вода што се користи за гаснење на пожарот.