Фудбалерот на Раднички од Ратково, Александар Кршиќ, починал на 30-годишна возраст по срцев удар, јавуваат српските медиуми.
На играчот му се слошило на тренинг и веднаш била повикана брза помош. Но , тој не можел да стигне до болницата.
Круниќ требало да биде префрлен во болница во Нови Сад, но на пат починал.
„Навивачи, познаници и следбеници. Со големо жалење ве известуваме дека нашиот пријател, брат, соиграч го остави срцето на теренот. Ќе бараме начин достоинствено да се збогуваме со вас. Почивај во мир, брате“, беше дел од објавата на неговиот клуб на Фејсбук, од каде вчеравечер ја потврдија трагичната вест.
Ден подоцна беше извршен погребот на починатиот играч.