-Со грутка во грло ова го зборувам. Навистина ми е жал што се случи ова,а се радував како мало дете што Новата Година ќе ја дочекав со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика, вели пејачката Сузана Гавазова, која требаше да замине за Америка и за дочекот да настапи во црквата „Св. Никола“.

Гавазова на Фејсбук преку видео ги информираше нашинците, за жал да не ја чекаат.

-Знам дека салата е преполна знаејќи дека јас ќе пеам и тоа многу го почитувам. Организатприте од црквата „Св. Никола“ дадоа се од себе, исто така и ние од овде, за да дојдеме, но едноставно се случи нешто што сега никој не може да го објасни. Како што кажувам на видеото не сум одбиена, но визата доцни така да немам среќа овој пат да се дружам со моите пријатели во Америка. Од се срце ви посакувам среќна Нова Година на сите и среќни празници! Ако имаме среќа за Божик и за Стара Нова Година ќе се видиме, ако не да сме живи и здрави, напиша Гавазова.