Сопственикот на „Беса транс“ Беким Хаџиу во интервју за БНТ вели дека автобусот пред да замине од Турција поминал низ сервисна станица и се било во ред.
Хаџиу ја отфрлил можноста некои од патниците да внесувале запаливи материи. Тој потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси. Неговите деца биле во последниот автобус.
Хаџиу рече дека автобусот бил произведен во 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред околу три години. Според сопственикот, досега немало технички проблем со автобусот. „Патував со семејството“, рече Хаџиу.
Тој рече дека од Република Северна Македонија тргнале четири автобуси. На враќање од Турција, во автобусот кој се движел прв патувал сопственикот на фирмата и неговата сопруга. На бугарско-македонската граница, на излез од Бугарија, Хаџиу дознал дека неговиот автобус излетал и со такси тргнал на местото на несреќата. Кога пристигнал, со часови останал на местото на настанот.
Хаџиу одби да ја коментира верзии за несреќата бидејќи истрагата е во тек, но посочи дека три недели пред несреќата автобусот поминал на технички преглед во С Македонија и додаде дека пред секое патување, сите возила на компанијата „Беса транс“ поминуваат низ сервис.
– Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул и таму одиме на сервис да ни проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Се беше во ред таму, а ако нешто не е ни кажуваат веднаш да го поправиме, објасни сопственикот на „Беса транс“.
Тој меѓутоа рече дека во автобусот немало канистри со гориво бидејќи бензинот што го наполниле во Истанбул бил доволен за да одат до Скопје, а потоа да се вратат во Истанбул. Поради темелните проверки на бугарските граници се исклучува можноста патник да донел лесно запаллива материја.
– Во секој автобус има туби, но тие се со вода, секој автобус мора да ги има за секој случај и тоа е вода за резерва. Ова е резервна вода. Строга контрола на влез во Бугарија, багаж, возач и сè што се носи, вели тој.
Сопственикот на „Беса транс“ рече дека возачите на автобусот биле многу искусни професионалци кои многупати ја поминувале оваа релација. Хаџиу објасни дека за оваа 12-часовна рута биле доволни двајца возачи. Тие строго ги почитувале часовите за одмор. Хаџиу потврди дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да развие брзина повеќе од 100 км/ч.
БНТ интервјуто со сопственикот на „Беса транс“ го направи во канцеларијата на неговиот адвокат во Софија. Беким Хаџиу рече дека досега не зборувал за медиумите бидејќи е шокиран од тоа што се случило и затоа е во Бугарија да им помогне на истражителите на кој било начин да ги утврдат причините за инцидентот во кој на 23 ноември загинаа 45 лица.