





Битола денеска е под снежна покривка.
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, а се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато.






Како што информира АМСМ, забраната е воведена од 9:40 часот.