Русија намерно прати неискусни војници во првата рунда, a Киев може да ја доживее судбината на Грозни. Oва го тврдат стручњаците на Германската разузнувачка служба БНД. Како што пренесуваат германските медиуми, секојдневно ги анализираат движењата на руските трупи и отпорот на украинските вооружени сили. Нивните прогнози за натамошниот тек на војната се прилично мрачни.

„Според германските безбедносни кругови, Москва планира да преземе контрола над источна Украина и тоа што поскоро, а сè уште постојат и планови за преземање на Киев, па најкрвавата фаза од војната можеби допрва претстои. Руската војска сè уште не употребила некои од оружените системи во нејзиниот арсенал, а некои единици кои се подготвени на границата сè уште не се искористени, се вели во анализата на БНД, пренесува нова.рс.

Луѓето околу Путин и натаму се лојални. Во моментот нема докази дека војната може да ја загрози моќта на Путин. Луѓето околу него му остануваат верни, пренесува нова.рс.

Украинскиот претседател Влодомир Зеленски изјави дека убиле 10.000 војници, а дека имало и млади војници на возраст од 18 и 20 години, на кои не им било објаснето зошто војуваат. Имаше и објавено видеа каде момчињата ги кажуваат своите имиња, од кој град се, и колку години имаат. Снимените војници кажуваа дека имаат по 20, 21, 22 години.