Хрватскиот ракометар Денис Тот, спак, починал од тепање и удари, пишуваат хрватските медиуми.
Наводите дека младиот хрватски ракометар бил претепан ги потврдија и полицијата и македонското обвинителство.
Полицијата по прегледувањето на видеата уапсила две лица, меѓу кои и 19-годишна девојка.
Еден се уште е во бегство, изјави за РТЛ главниот скопски обвинител Гаврил Бубевски.
„Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започна сето тоа.
Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата“, изјавил Бубевски за РТЛ.
„Мислам дека воопшто немаше намера се да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша лекарска проценка и стојам на тоа“, тврди Бубевски.
Индекс.хр го пренесува и ставот на КАРИЛ.
„Најостро ги осудуваме сите шпекулации за транспарентноста на овој трагичен настан.Веќе на приемот ја истакнавме сериозноста на состојбата во која е примен пациентот и сите обиди за реанимација.
Пациент кој по прием и реанимација беше префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, почина на 8 април попладне по 24 часовна борба за живот и неколку дополнителни реанимации.
Телото без видливи траги на насилство и неизвесност за причината за смртта е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција за да се разјасни зошто срцето престанало да работи“, соопштија од клиниката.