Седумдесет и петгодишна жена во понеделникот попладне почина од страшна смрт во приватен дом за стари и немоќни лица во Осиек, откако мал товарен лифт што го користеле вработените во домот за доставување храна буквално и паднал на глава.

Глетката на местото на трагедијата била вознемирувачка, бидејќи телото на несреќната жена лежело на подот од ходникот, а главата и останала под лифтот, објавува Јутарњи лист.

– Можеме само да кажеме дека жртвата била жена и дека се уште утврдуваме дали во овој случај има елементи на кривично дело. Во тек се увиди и вештачења, се утврдува дали лифтот бил исправен, дали бил редовно сервисиран, односно сите околности кои довеле до оваа несреќа, а наредена е и обдукција на телото на починатата жена, изјави портпаролот на општинското државно правобранителство во Осиек, Иван Барна.