Италија вчера беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Силно невреме со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со пречник до 7-8 сантиметри, како и водени бомби го погодија северниот дел на Ломбардија и Венето. Во околината на Милано, невреме пропратено со силен град ги поплави улиците и ги претвори во заледена река.
Кога невремето престана, неколку улици во центарот на градот беа исполнети со вода и мраз, како по обилни врнежи од снег.
Градоначалникот Алберто Роси изјави дека локалната полиција, карабинерите, противпожарната бригада и цивилната заштита се ангажирани за да се санираат штетите предизвикани од невиденото невреме, пренесува „Кориере дела сера“.
Во североисточниот дел на Милано, пожарникарите изутрината извршиле околу 110 интервенции поради поплави и паднати дрвја. Особено лошо беше во Милано, каде жителите го следеа доаѓањето на торнадото.
This is the massive hail flow generated by the violent thunderstorms in the Milan area this morning (July 21, 2023). These are the streets of Seregno: an authentic ice river
[read more (IT): https://t.co/WkaMRMgMlI]pic.twitter.com/WnfLfmGp3H
— Massimo (@Rainmaker1973) July 21, 2023
Seregno, adesso. pic.twitter.com/nkOEdDa8ae
— Luca Caputa (@luca_caputa) July 21, 2023
— Fabio Fullin (@fullo75) July 21, 2023