Синоќа во 00:30 часот во местото Дуги рат на патот Д8 во Хрватска се случила сообраќајна незгода во која учествувале два автомобила и комбе. Според полицијата, во сударот повредени се 15 лица.

– Утрово во 12 часот и 30 минути во Дуги рат, пат Д8 се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички возила и комбе. Вкупно 15 лица се однесени за укажување лекарска помош и во моментов немаме официјални информации за тежината на нивните повреди – известија од полицијата.

На местото на настанот е извршен увид, предводен од заменик на општинското државно правобранителство, со присуство на судски вештак и асистенција на полиција.

Патот е отворен во 03:50 часот.